Нова револуција: Светското клупско првенство ќе се прошири на 48 екипи!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Светското клупско првенство на ФИФА би можело да доживее нова голема трансформација. Според информациите на „Гардијан“, натпреварувањето е на пат да се прошири од 32 на дури 48 екипи во следното издание.

Одлуката, како што се наведува, доаѓа по притисок од неколку големи европски клубови кои не успеаја да обезбедат учество во претходниот формат на турнирот. Меѓу најгласните се споменуваат Барселона и Манчестер Јунајтед, кои останаа надвор од елитното друштво во последното издание.

Проширувањето на турнирот би значело поголема застапеност на клубови од Европа, но и од останатите континенти, со што дополнително би се зголемил глобалниот карактер на натпреварувањето. Воедно, ваквиот потег може да донесе и значително повисоки приходи од телевизиски права, спонзорства и маркетинг.

Сѐ уште нема официјална потврда од ФИФА, но доколку промената биде изгласана, Светското клупско првенство би станало едно од најмасовните и финансиски најмоќни клупски натпреварувања во светот на фудбалот.