Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мароко ја запиша првата победа на Мундијалот во Катар, и тоа против Белгија со 2-0 за да го преземе врвот во групата Ф.
Белгијците разочараа на теренот и не можеа да одговорат соодветно на нападите на Мароко, иако „црвените ѓаволи“ беа фаворити во оваа пресметка.
Головите за победа на Мароко ги постигнаа Сабири од слободен удар, како и Мунир со прецизен удар од казнениот простор, откако претходно ВАР-технологијата му поништи гол на Зијех.
Мароко со четири бода е на прво место во група Ф, по што следат Белгија со три, Хрватска со еден и Канада без бодови.