Нова шанса за Македонија: Ќе заиграат ли ракометарите на СП во Египет?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација ја загуби битката за вајлд-карта за настап на Светското првенство (СП) во Египет, откако покани добија Полска и Русија, но сега повторно се отвара можност за ракометарите да настапат на Мундијалот.

Квалификациите во Северна Америка и Карибите требаше да го дадат 31. учесник на Мундијалот, но тие беа откажани поради вложената ситуација со вирусот, па тоа отвора можност Македонија да добие вајлд-карта.

Светската ракометна федерација (ИХФ) треба да реши дали вајлд-картата ќе ја даде на некој од тимовите кои требаше да настапат на тие квалификации или можеби некоја европска држава ќе добие шанса за настап на СП.

Освен Македонија, во конкуренција за вајлд-карта се уште и Црна Гора и Србија.