Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Позајмениот фудбалер на Челси во Милано, Фикајо Томори е нов рекордер во Серија А откако постигна гол против Јувентус со највисок скок кој достигна висина од 263 сантиметри.
Тоа е за седум сантиметри повисоко од скокот, кој го имаше Кристијано Роналдо минатата сезона против Сампдорија.
Милан во неделата го декласираше Јувентус со 3-0 во Торино и така им зададе нова главоболка на „бјанконерите“, кои ги очекува битка за пласман во Лига на шампиони.
Роналдо беше критикуван поради лошиот настап на натпреварот, а сега тој доби нова шлаканица од Томори, па постои голема шанса на крајот на сезоната да го напушти Јувентус.