Нова снимка од аферата: Бензема и Менди го исмејувале Винисиус ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карим Бензема е во центар на скандал кој го потресе Реал Мадрид, откако се појави видеото на кое го озборува неговиот соиграч Винисиус Жуниор заедно со Менди.

Бензема на Менди му зборуваше за време на мечот против Борусија Менхенгладбах да не му додава на Винисиус затоа што тој „играл против нив“.

„Прави што сака. Тој игра против нас. Ти додавај ми на мене“, му кажа Бензема на Менди.

Бензема веднаш потоа се јави и кажа дека „кучињата може слободно да лаат“, а сега шпанските медиуми објавија нова снимка во која се слуша продолжението од разговорот.

„Тој игра без никаква идеја“, кажа Бензема, на што Менди кажа дека „Винисиус воопшто го нема на теренот“.