Нова трагедија: 22-годишен фудбалер почина сред терапија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот фудбалер на бразилскиот клуб Гуарани, Тијаго Кортез почина при терапија на повреденото колено, барем така објави неговиот тим.

Трагедијата се случила во понеделникот попладне, кога фудбалерот се рехабилитирал од повреда и заминал во болница кај физиотерапевт. Во текот на третманот, Кортез ја загубил свеста, а потоа и животот.

Причината за неговото влошување на состојбата засега не е позната.

„Шокиран сум.. Го видов на тренинг, зборувавме за терапијата. Не играше многу за нас, но се работи за добро момче. Тренираше и одеше во црква…“, кажа претседателот на клубот.