Нова трагедија го потресе семејството Марадона: Имал срцев удар во Наполи…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалерите во историјата почина во својот дом од срцев удар на 61 година, а веста дека повеќе го нема Диего Армандо Марадона го потресе целиот свет.

Сепак, денеска се случи нова трагедија во неговото семејство. Италијанските медиуми објавија дека неговиот брат Уго починал од иста причина.

Уго починал на 52-годишна возраст во Неапол од срцев удар, и тоа само една година по смртта на неговиот брат.

И Уго беше фудбалер во минатото, но немал ниту блиску успешна кариера како неговиот повозрасен брат Диего.

Уго играл за Аргентинос јуниорс, а го носеше и дресот на Асколи, Рајо Валјекано и Рапид Виена.