Нова “жртва” на коронавирусот: Индијан Велс е одложен !


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Коронавирусот создаде огромни проблеми во светот на спортот, а овој пат во тенисот.

Многу спортски настани се одложени низ целиот свет поради епидемијата на коронавирус и не е познато кога ќе се смири. Сега дојде ред на тенисот, бидејќи турнирот во Индијан Велс е одложен.

Индијан Велс требаше да биде првиот Мастерс оваа година, но организаторите на турнирот решија да го одложат поради епидемија на коронавирус.

“Ние сме многу разочарани што турнирот нема да се одржи, но здравјето и безбедноста на заедницата, навивачите, играчите и сите други кои учествуваат на турнирот е на прво место. Сега бараме опции за одржување на турнирот во друго време”, рече директорот на Индијан Велс Томи Хас.