Новак Ѓоковиќ го потврди учеството на Ју-Ес Опен


ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иако постоеше страв дека нема да го гледаме годинава во Њујорк, тенискиот ГОАТ Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе учествува на Ју-Ес Опен.

Имено, Новак на својата официјална веб-страница го ажурираше распоредот каде што јасно се гледа дека од 24 август ќе игра на последниот Гренд слем на сезоната.

Новак моментално одмара во Црна Гора, претходно беше во Грција, а на терен не излегол уште од Вимблдон. Во меѓувреме го прескокна Торонто, потоа го „откажа“ и Синсинати, што е првпат да оди на US Open без одигран турнир.

Гренд слемот во Њујорк го има освоено четири пати, додека минатата сезона застана во 3. коло. Инаку, ова ќе му биде 19. учество на US Open.

Фото: Принтскрин