Новак го дозна ривалот во осмина финалето


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот тенисер дозна со кој ќе ги вкрсти копјата.

Британскиот тенисер Кајл Едмунд ќе биде ривал на Новак Ѓоковиќ во осмина финалето на турнирот во Париз.

Едмунд, 75. тенисер во светот, направи изненадување во второто коло со победа над 14. пласираниот Диего Шварцман од Аргентина.

Победи со 2:0 во сетови (7:5, 6:3), за еден час и осумнаесет минути игра.

Ѓоковиќ претходно во два часа го елиминираше францускиот тенисер Корентин Муте.