Новак Ѓоковиќ со пресврт го освои Австралијан опен


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ освои нова титула на Австралијан опен, откако денеска беше подобар од Доминик Тим со 3-2 во сетови.

Србинот одлично го почна мечот и веднаш направи брејк при што поведе со 4-1 во првиот сет и потоа со сигурен сервис стигна до 6-4.

Тим врати во следните два сета, па успеа да направи целосен пресврт, откако вториот сет го доби со 6-4, а третиот со 6-2.

Српскиот тенисер продолжи со големата борба во четвртиот сет, кога израмни на 2-2 благодарение на тоа што го доби сетот со 6-3.

Во последниот сет Србинот повторно беше подобар за нијанса од противникот и на крајот со 6-4 ги постави конечните 3-2 во сетови.