Новак Ѓоковиќ со животна и тениска лекција во Белград го воодушеви светот!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој престојува во Белград и одмара за следните предизвици во тениската сезона знае и тоа како да ги израдува неговите фанови.

Ѓоковиќ повторно покажа дека е голем човек, а овој пат се сретна со децата на улиците на Белград, каде што им одржа неколку тениски лекции.

Србинот пред неговата зграда шеташе со своето куче, кога налетал на група деца и девојчиња кои воодушевени го пречекале.

Ноле реши да им посвети неколку моменти и да им покаже уште еднаш како се игра тенис.