Новак Ѓоковиќ своето слободно време го поминува на нива: Добив по некој компир…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ е приморан да направи пауза од тенисот.

Поради повредата на рамото со која се стекна српскиот шампион тој беше приморан да го предаде четвртфиналето на US Open, а додека да закрепне Новак очигледно добро се забавува.

Така тој изминатите денови заврши на нива каде што се занимаваше со берење на компир и очигледно е дека добро се забавувал.

„Благодарен сум на искуството кое го доживеав во Брзеч. Луѓето од овој крај се многу пријатни, но во исто време и многу вредни, а секој од нив има автентична и интересна приказна. Срцето ми е полно бидејќи оживеав милион спомени од детството. Среќавам многу луѓе кои беа дел од моето растење и кои ми помагаа да го живеам својот сон, како професионален тенисер. Полн сум со емоции. А, добив и по некој компир, за трудот.“, напиша Новак.

Враќањето на теренот за него најверојатно би било на турнирот во Токио, но сеуште нема официјални информации околу тоа.

View this post on Instagram

Zahvalan sam na iskustvu koje sam doživeo u Brzeću. Ljudi iz ovog kraja su veoma prijatni, ali u isto vreme i jako vredni, a svako od njih ima neku autentičnu i interesantnu priču. Srce mi je puno što oživljavam brojne uspomene iz detinjstva. Srećem dosta ljudi koji su bili deo mog odrastanja i koji su mi pomogli da živim svoj san, kao profesionalni teniser. Zaista sam pun emocija ?? A usput sam dobio i poneki krompir, za trud ? Thankful for this humbling experience in Brzeće. These people are kind, genuine, hard working.. My heart is full from reviving some childhood memories. I keep on meeting people that have been part of my growing up and have helped me live my dream as a tennis player. Very grateful and touched ?? And I got a few free potatoes as well for effort ?

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on