Новата плата на Дембеле во Барселона ги изненади сите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Осман Дембеле потпиша нов двегодишен договор со Барселона, по повеќемесечната сага за неговата иднина.

Дембеле конечно ги реши сите дилеми за иднината, па така потпишал договор со плата од 11 милиони евра, односно пет милиони евра повеќе отколку што заработуваше претходно.

Иако имаше шпекулации дека ќе се согласи да ја намали платата, сепак Французинот успеал да го убеди претседателот Жоан Лапорта да му ја зголеми ако сака да го задржи.

Дембеле веќе пет години настапува за францускиот гигант, а стигна во Каталонија од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 145 милиони евра, но големиот број на повреди го спречија да го исполни неговиот потенцијал.