Нови четири лица позитивни на коронавирусот во Премиер лигата

Премиер лигата извести дека уште четири лица се позитивни на коронавирусот по тестирањето спроведено во рамки од третата рунда тестирања во клубовите.

Вкупно 1.008 играчи и членови на стурчниот штаб беа тестирани,  а вкупната бројка на сега тестирани во Премиер лигата достигна до 2.752 лица.

Со новите четири случаи бројката на позитивни слуачи од коронавирусот во Премиер лигата се зголеми на 12 што е во рамките на очекуваното.

Се очекува сите чинители во англискиот фудбал да бидат тестирани два пати неделно, а клубовите сега на располагање имаат по 60 тестови, наместо по 50.

Секој кој ќе биде позитивен на коронавирусот ќе мора да оди во самоизлолација една недела.