Нови детали: Договорот на Меси зависел и од независноста на Каталонија?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија дека Лионел Меси потпишал четиригодишен договор со Барселона во 2017 година според кој ќе заработи неверојатни 555 милиони евра.

Меси заработува годишно по 138 милиони евра без бонуси, а поради овие објавени детали Аргентинецот најави тужби против луѓето кои ги знаеле овие детали.

Во договорот на Меси имало и чудни клаузули, според кои Аргентинецот морал да учи каталонски јазик, а неговата соработка со Барселона директно зависела и од независноста на Каталонија.

Доколку Каталонија прогласела независност и Барселона останела да игра во неконкурентна лига, тогаш Меси можел слободно да си замине во било кое време од тимот.