Нови детали за авионската несреќа на Емилијано Сала


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од исчезнувањето на авионот и откако фудбалерот Емилијано Сала го загуби животот поминаа повеќе од два месеци, но и понатаму во целост не се јасни околностите кои ја предизвикаа несреќата.

Аргентинецот почина во авионска несреќа, кога патуваше од Нант кон Кардиф, а по неколку дена неговото тело беше пронајдено 57 метри под површината на морето, додека пилотот е исчезнат.

Додека се чекаше на почетокот на наредната година Агенцијата за цивилно воздухопловство на Англија да го објави извештајот за несреќата, многу информации се појавија во јавност, а последните се однесуваат на 59-годишниот пилот Давид Иботсон.

Англиските медиуми пишуваат дека Иботсон бил далтонист и дека поради тоа немал дозвола да лета ноќно време, но и покрај тоа се согласил да го вози Сала до Кардиф.

Иботсон не требало да го вози Сала, зашто Вили Мекеј, агентот кој учествувал во трансферот, сакал со авионот да управува Дејв Хендерсон.

Исчезнатиот пилот остави три деца, а тие кои го познаваат велат дека бил во големи долгови, па поради тоа работел како водоинсталатер, а летал во слободно време, најчесто на приватни писти, каде што пренесувал падобранци.