Нови докази: Реал Мадрид за Азар платил повеќе од што се мислеше!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Јавноста беше запознаена дека Реал Мадрид платил 100 милиони евра за Еден Азар при трансферот од Челси минатото лето, но новите информации се дека трансферот бил 160 милиони евра.

Белгиските медиуми со помош на еден клуб дознале дека трансферот е многу поголем од што се очекуваше. Тимот имал право на 0,5% од трансферот на Азар, зашто тој настапувал во нивниот клу додека имал 12 и 13 години.

Тимот добил 800.000 евра, што значи дека Реал за трансферот на Азар му платил 160 милиони евра на Челси.

Белгиецот беше очаен во правата сезона во Мадрид, откако одигра 22 меча и постигна само еден гол, па не ги оправда вложените 160 милиони евра.