Нови главоболки за Ѓоковиќ – ќе остане без настап на Ролан Гарос!?


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ најверојатно нема да може да настапи на Ролан Гарос затоа што Владата на Франција ќе воведе нови мерки против ковид-19 од 15 февруари.

Ѓоковиќ не би можел да влезе во Франција со неговата потврда за прележан ковид-19 бидејќи таа ќе важи само четири месеци и до почетокот на турнирот ќе му истече.

Ролан Гарос е закажан за период од 22 мај до 5 јуни, па засега не е познато дали Ѓоковиќ ќе настапи на турнирот бидејќи ќе мора да влезе со вакцина или со нова потврда, ако случајно се зарази со вирусот во следните месеци.

Србинот не настапи на Австралијан опен поради проблеми со визата и така му дозволи на Рафаел Надал да стане најтрофеен по број на гренслем-титули (21).