Нови правила во Италија: Играњето со рака на Бонучи не е пенал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Главниот човек на судиската комисија на Италија, Николо Рицоли пред стартот на првенството најави промена на правилата поврзани за пеналите, со што ќе се намали бројот на удари од белата точка.

Рицоли од судиите бараше да ја проценат динамиката, близината и самата акција во случаите кога топката ќе удри во рака на некој фудбалер во казнениот простор.

Првата сомнителна ситуација се случи вчера на мечот меѓу Јувентус и Сампдорија. Во 44. минута по шутот на Бонацоли, топката удри во раката на Бонучи, но немаше пенал за гостите.

Судијата имаше одличен преглед, па процени дека станува збор за блиско растојание и според новите правила таквите ситуации не се доволни за пенал.