Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси ја носи Барселона кон нов трофеј во шпанската Ла Лига, но надвор од фудбалските терени неговото семејство се соочува со големи проблеми со властите. Таткото на Меси се наоѓа во полициска станица во Розарио, каде што бил приведен по сообраќајна несреќа.
Тој со автомобил удрил момче на мотор, кое било пренесено во болница. Инцидентот се случил во Розарио, во близина на местото, каде што Лео пораснал и каде што живее поголем дел од неговото семејство.
Хорхе Меси е задржан за да му биде направен алко-тест, а очигледно тој е виновникот, па во зависност од повредите на моторџијата останува да видиме дали ќе биде почната судска постапка против него.