Нови проблеми за Џејмс Родригез


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Реал Мадрид се загрижени по информацијата дека Џејмс Родригез добил повреда на коленото за време на репрезентативната акција.

Наводно медицинскиот тим на колумбијската репрезентација веќе го исконтактирал Реал поради повредата на офанзивецот на кралскиот клуб.

Наредниот чекор ќе биде детален преглед за да се утврди сериозноста на повредата со која се стекнал Родригез. Прегледот ќе биде одржан во  Мајами (САД) во некој од наредните денови.

Она што е сигурно е тоа дека Родригез нема да го одигра наредниот натпревар за Колумбија против Перу. За сега се стравува дека повредата може да е критична, но надеж дека тоа не е точно и понатаму постои.

Инаку, Џејмс пред некое време ги реши проблемите поради кои неколку недели беше надвор од теренот, додека надвор од теренот беше и во првата половина на септември поради повреда на листот.