Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште не е смирена бурата по елиминацијата на Хајдук од Гзира во првото квалификациско коло за Лига Европа, а на „Полјуд“ веќе се соочуват со нови проблеми.
Освен очигледните проблеми, кои би можеле да резултираат и со смени во клубот, Хајдук го мачи и Европската фудбалска унија (УЕФА).
Евопската куќа на фудбалот повеќепати ги казнуваше поради нивните навивачи, кои и синоќа по завршување на мечот повторно направија хаос, кога влегоа на теренот во намера да се пресметаат со фудаблерите, кои испаднаа во првото коло од квалификациите.
Се претпоставува дека УЕФА ќе биде строга, па парична казна и празни трибини во моментов се прифатлива казна.
Хајдук се надева дека во Нион нема да бидат преостри и да ги исфрлат од европските натпреварувања во следната сезона, иако таква одлука е можна.