Нови проблеми за Роналдо: Земал 20 милиони евра кои не биле пријавени!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанскиот тим Јувентус му исплатил 20 милиони евра на Кристијано Роналдо, кои не биле вклучени во официјалните финансиски извештаи на тимот.

„Газета дело спорт“ објави дека бил постигнат таен договор меѓу двете страни за Роналдо да добива дел од платата тајно без да бидат платени даноци.

Роналдо го носеше дресот на Јувентус од 2018 до 2021 година каде што стигна од Реал Мадрид за 117 милиони евра, а притоа постигна 101 гол, како и 22 асистенции во 134 натпревари.

Искусниот напаѓач во 2021 година си замина од Јувентус и се пресели во Манчестер јунајтед, каде што не му оди најдобро во последно време, а неодамна беше исфрлен и од првиот тим.