Нови резултати од истрагата за сообраќајката во која почина Рејес


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот шпански фудбалер Хозе Антонио Рејес почина на први јуни минатата година. во сообраќајка, 36-годишниот играч го загуби животот, а неколку месеци потоа беше откриена причината за несреќата.

„Кадена СЕР“ објави дека сите истражни работници потврдиле дека несреќата се случила поради неприлагодена брзина и пукање на гумата на Мерцедесот С 550.

Задната лева гума експлодирала при брзина од 187 км/ч, а Рејес поради тоа загубил контрола над автомобилот и дошло до несреќата во која загина заедно со својот роднина Џонатан.

Третиот маж во автомобилот беше Хуан Мануел Калдерон, кој преживеал, но при обидот да ги спаси добил тешки изгореници.

Исто така, било потврдено дека автомобилот бил на поправка кај роднината неколку дена прес сообраќајката, но нема докази дека нешто погрешно било поправено.