Нови шокантни детали за трејдот на Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Трејдот на Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерси го шокира цел свет и веќе денови е централна тема на светските медиуми.

Оваа бомба дефинитивно никој не ја очекуваше, а по првичното изненадување, полека, но сигурно, почнаа да испливуваат нови детали и нови теории на заговор. Според американскиот новинар Гери Вофел, раководството на Далас контактирало уште две франшизи за да се обиде да го трејдува Дончиќ!

Маверикс испратиле понуда до Милвоки и Минесота, но тие не сакале да се впуштат во договори.

На крајот, Дончиќ отиде во Лејкерси, а во Далас стигна Ентони Дејвис, кој веднаш се повреди и нема да биде присутен во тимот еден месец.