Нови снимки од Перез во кои навредува фудбалери: Роналдо е болен идиот, Коентрао е го*но!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија аудио снимки од актуелниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез во кој брутално навредува многу фудбалери на клубот.

Откако се појавија навредите кон легендарните Икер Касиљас и Раул Гонзалес од 2006 година, „Ел Конфиденсијал“ сега објави и нови снимки.

Перез во нив ги навредува Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо и Фабио Коентрао кои во минатото беа во Реал Мадрид.

„Кристијано е луд. Овој човек е идиот. Мислите дека момчето е нормално? Не може да биде нормално кога ги прави тие работи“, вели Перез.

Тука не застанал со контроверзните изјави затоа што зборувал и за Мурињо и Коентрао.

„Кристијано и Мурињо се луѓе со големо его. Двајцата се разгалени и одбиваат да ја прифатат реалноста. Коентрао е идиот. Човекот вози без возачка дозвола. Тој е обично го*но“, кажал Перез.