Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше жестоко критикуван од јавноста и навивачите затоа што зборувал против поранешните фудбалери на шпанскиот тим.
Перез прво ги нападна Икер Касиљас и Раул Гонзалес, но очигледно зборувал и за поранешната сопруга на голманот, Сара Карбонеро.
„Касиљас не е доволно добар за да биде голман на Реал. Така е, што да кажам? Никогаш не бранеше доволно добро. Тоа беше наша грешка. Но, има такви кои го сакаат и му се восхитуваат. Тие го бранат“, вели Перез.
На новите снимки Перез повторно го навредувал поранешниот шпански голман.
„На Касиљас му недостигаат два прсти. Го знам многу добро. Краток е. Кога има проблем со девојката, тој не доаѓа на тренинзи. Тој е како куче. Сите го сакаат Касиљас, тоа е одвратно и ужасно“, кажал Перез.