Нови спортисти се заразени: Кошаркари на италијански клуб имаат коронавирус! (ФОТО)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Два члена на кошаркарскиот клуб Пезаро се позитивни на коронавирус, така соопшти италијанската екипа во текот на денешниот ден.

Засега не е познато за кои кошаркари станува збор, бидејќи од редовите на клубот кажаа дека ќе ги преземат сите неопходни мерки во координација со дирекциите на здравствените организации.

Италија е една од најзагрозените земји, а тоа посебно се однесува на северниот дел од земјата. Од таа причина, голем број спортски настани се откажани или одложени, додека меѓународните се сместени надвор од државата.