Нови вести од Англија: Таткото на Халанд неодамна бил во посета на тренинг центарот на Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот напаѓач на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Браут Халанд е трансфер цел на многу европски големи тимови.

Неговите настапи во Лигата на шампионите и импресивната гол статистика оваа сезона ги натераа големите клубови сериозно да загризат за неговиот потпис.

Како што пренесува новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнстајн, таткото на Халанд деновиве бил забележан во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ се меѓу клубовите кои се интересираат за него и се посочени како едни од фаворитите за потписот на овој фудбалер кој дебитираше во сениорскиот фудбал токму под палката на Оле Гунар Солскјер во дресот на Молде.