Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Флојд Мејведер најави реванш против Конор Мекгрегор, но и меч против Хабиб Нурмагомедов. Легендарниот боксер на социјалните мрежи најави нова пресметка со Ирецот, кого го победи во 2017 година.
Дека се преговара со Мејведер призна и претседателот на УФЦ, Дена Вајт.
„Се обидуваме да се договориме со Флојд. Тој е во нашите планови и ние сме во неговите, па ќе направиме нешто“, кажа Вајт.
Новата борба би се одржала на крајот на годината, а претходно Вајт и Мекгрегор сакаат реванш против Нурмагомедов.
Меѓутоа, откако беше објавен постерот со Ирецот, Флојд истото го направи и со Хабиб.