Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер јунајтед славеше со 4-3 против Ливерпул и се пласира во полуфинале на ФА-купот, а тренерот Јирген Клоп беше нервозен по поразот на неговата екипа.
Клоп беше лут по натпреварот, а посебно го налути едно прашање на новинарот.
„Вообичаено интензитет е второ име на вашата игра, зошто стана толку тешко во продолженијата?“, праша новинарот.
Ова не му се допадна на Клоп, па го навреди новинарот.
„Ова е глупаво прашање, мора да кажам. Не знам колку натпревари одигравме во последно време, ова е спорт. Разочаран сум поради прашањето, но ти очигледно сметаше дека е добро“, кажа Германецот.