Новинар го налути Винисиус: Ти дали си глупав? (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Валенсија со 0-1, а на мечот беа забележани расистички навреди кон Винисиус Жуниор.

Бразилцот на крајот на мечот доби и црвен картон, по што испрати порака преку социјалните мрежи.

„Расизмот стана нешто нормално во Ла Лига. Навистина ми е жал. Првенството кое им припаѓаше на Роналдињо, Роналдо и Меси денес им припаѓа на расистите. Шпанија од денеска во Бразил е позната како земја на расисти“, кажа Винисиус.

По целата драма новинар му постави прашање на Винисиус кое ептен го изнервира.

„Ќе им се извините ли на навивачите?“, праша новинарот.

„Дали си глупав?“, одговори Бразилецот на прашањето.