Новинар го праша сопственикот на ПСЖ за договорот на Нејмар, а тој му даде две големи ексклузивни вести!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ остварија голема победа против Аталанта во ЛШ синоќа во луд крај на натпреварот, по неверојатен пресврт.

По натпреварот се летаа изјави на фудбалерите и тренерот на ПСЖ, но првиот човек на овој клуб, Насер Ал-Келаифи, не остана имун на изјавите.

Тој не зборуваше за пресврт и победа, но одговори на прашање за Нејмар и Мбапе, поточно за нивното останувањево клубот.

„Дали ќе го продолжиме договорот на Нејмар? Секако на него и на Мбапе. Нема да продаваме ниту еден од нив“, беше јасен шефот на ПСЖ.

Така, Барселона, која се надеваше дека ќе го донесе Нејмар, веќе може полека да се сврти кон останатите играчи, а истото важи и за клубовите што го сакаа Мбапе.