Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера заврши италијанската Серија А, по која беше јасно дека во Лига на шампиони следна сезона ќе играат Милан, Аталанта и Јувентус, додека Наполи ремизираше со Верона и испадна од топ-4.
Тимот од југот на Италија требаше да ја победи Верона и така да се пласира во елитното натпреварување, но не успеа во намерата, па мораше да се задоволи со реми (1-1).
Водителот на „Скај Спорт“, Масимо Уголини по мечот разговараше со тренерот на гостите, Иван Јуриќ, па кажа дека Верона му помогнала на Јувентус.
„Вечерва пресудивте кој ќе игра во Лига на шампиони. Наместо Наполи, таму го испративте Јувентус. Вашата Верона вечерва беше поразлична од претходно“, кажа новинарот, а тоа го изнервира Јуриќ.
„Веднаш почнавте со с**ња! Мора да ја почитувате Верона, не може така да зборувате за неа“, кажа Јуриќ.