Новинар ја открива темната страна на Мбапе, ќе згреши ли Реал Мадрид со него!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми објавуваат дека во Реал Мадрид нема ништо да се промени ниту во јануари, па така Килијан Мбапе ќе остане до крајот во Париз.

Новинарот Баптист Деспре во својата книга ја открива темната страна на Мбапе и смета дека „кралевите“ може да направат голема грешка со него.

„Мбапе има неверојатен потенцијал, но не е лесен за соработка. Кога работите не одат како на Европското првенство, тој станува непријатен. Тоа секако влијае на цела екипа и балансот во соблекувалната“, вели новинарот.

Мбапе играше катастрофално на Еуро 2020, а потоа промаши и решавачки пенал против Швајцарија што предизвика големи критики во медиумите.

„Кога соиграчите нема да му посветуваат внимание, кога нема да ја добива секоја топка, тој брзо ќе се налути и така ги иритира другите играчи“, открива новинарот.