Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главна тема во Шпанија во последните денови се аудио снимките на кои претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез на грозен начин коментира за Икер Касиљас, Раул, Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо и други фудбалери и тренери, како и медиуми.
Аудио снимките пред 10 години ги снимил шпанскиот новинар Хозе Антонио Абелано и тие неодамна се појавија во јавност и предизвикаа жестоки критики кон Перез.
Перез се закани со тужба доколку не се прекине со објавување на снимките, но очигледно новинарот нема намера да запре, а се појавија и шпекулации дека го уценува клубот, односно барал голема сума пари за да ги уништи снимките.
Во 2011 година новинарот побрал 10 милиони евра за да ги уништи снимките на кои го има Перез, но неговата понуда беше одбиена, па сега очигледно сака со слично сценарио да заработи пари, а доколку не успее, тогаш ќе ги објави сите снимки во јавност.