Новинар тврди дека Осимен физички го нападнал, Нигериецот веднаш најави тужба!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Фудбалерот на Галатасарај Виктор Осимен денес изјави дека планира да тужи еден турски новинар, по обвинувањата дека го нападнал физички за време на расправија.

Новинарот Толга Боздуман го обвини Осимен дека го нападнал минатата недела по ремито 3:3 против Динамо од Киев.

Новинарот изјавил дека Осимен го нападнал и удрил пред ноќен клуб, додека со другите колеги снимале фотографии.

Нигерискиот фудбалер ги отфрлил обвинувањата, велејќи дека инцидентот се случил пред ресторан кој го посетил со неколку пријатели, вклучувајќи го и сонародникот Кенет Омеруо.