Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јирген Kлоп остро го критикуваше Светското клупско првенство. Поранешниот тренер на Ливерпул и Борусија Дортмунд го нарече натпреварувањето кое моментално се одржува “најлошата идеја која некогаш е спроведена во фудбалот”.
Објасни дека играчите во текот на следната сезона ќе имаат повреди “какви никогаш претходно немале” поради недостаток на одмор.
Kлоп му врати Кавех Солекол, новинар на Sky Sports. “Не се согласуваат сите со Јирген Kлоп,” започна па продолжи: “Ако не ти се допаѓа Светското клупско првенство, немој да го гледаш. Секој може да прави што сака. Може да игра падел, да плива, да гледа нешто друго, Netflix, да се прошета, да оди на убав оброк. Ако не ти се гледаат Челси и Бенфика, немој да гледаш.”
Фото: Принтскрин