Новиот дрес на Нигерија е вистински хит - ќе се растурат од продавање! (ФОТО)

Фудбалскиот сојуз на Нигерија го претстави новиот дрес во кој нивните репрезентативци ќе играат во иднина. Во претходните две години Нигеријците играа во познатата комбинација, која беше хит меѓу навивачите, а компанијата „Најк“ овој пат направи повторно интересен дрес.

Спонзорот направи оригинални дресови, кои се исцртани рачно и имаат симболи на нигеријски корени за семејството, а дека е одличен дресот покажува и интересот на навивачите.

„Не ми е јасно како Нигеријците секогаш ги добиваат најдобрите дресови од Најк“, напиша еден навивач на социјалните мрежи.

Странските медиуми пишуваат дека веќе биле направени повеќе од три милиони порачки на дресот, а се очекуваат уште многу купувачи.