Новиот фудбалер на Милан ја отвори душата: Постојано ме навредуваа во Реал Мадрид!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Тео Ернандез смета дека многу созреал откако го напуштил Реал Мадрид и се приклучил на Милан. Левиот бек минатото лето го напушти шпанскиот клуб и потпиша со италијанската екипа.

Во интервју за „Газета дело Спорт“, Ернандез кажа дека во Мадрид не му било баш најубаво, иако многумина мислеле дека е така.

„Многу ме навредуваа во Реал и ме критикуваа. Направив неколку глупости, но сега созреав како личност. Се сметам за забавен и тивок тип, кој многу време поминува дома со кучињата или гледајќи тенис“, порача тој.

Зборуваше и за преселбата во Милан и фактот дека директорот на Милан, Паоло Малдини го убедил да се пресели во италијанскиот клуб.