Новиот фудбалер на Реал е хит: Никогаш не сте слушнале за него, има 18 години и веќе е ѕвезда! (ВИДЕО)


Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


За фудбалерите на Реал Мадрид заврши летниот одмор. Лука Модриќ, Серхио Рамос, Карим Бензема и останатите се приклучија на подготовките и сите заедно отпатуваа на турнејата во Америка.

Реал две недели ќе биде во Монтреал, кадешто ќе одигра неколку пријателски натпревари за да се подготват за следната сезона од која многу се очекува.

Зинедин Зидан со него зема и многу млади фудбалери, но само некои ќе имаат шанса да играат за првиот тим, посебно по големите засилувања, кои Реал ги донесе летово.

Меѓу новите фудбалери е и 18-годишниот Јапонец Такефусо Кубо, на кој му се предвидува голема кариера. Тој е голема ѕвезда во Јапонија, а тоа го докажува и големиот интерес на медиумите за него.