Новиот газда на Милан го славел Скудетото на улица со навивачите (Фото)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Гери Кардинале пред две недели бил во Милано, каде што ја славел титулата со навивачите на италијанскиот гигант, но никој не го препознал новиот газда на „росонерите“.

На социјалните мрежи беше објавена фотографија од бизнисменот кој наскоро ќе го преземе тимот за 1,3 милијарди фунти.

Интересно е тоа што бизнисменот од САД, кој има италијанско потекло, излегол меѓу навивачите за да прослави, но никој не побарал да се фотографира со него бидејќи не го препознале.