Новиот голман на Барселона нема мир поради навивачите на Еспањол


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Шпанскиот голман Жоан Гарсија, за многу краток период, од омилен персонаж стана цел на бесот на фановите на Еспањол. Тој го започна својот професионален пат токму во овој клуб пред четири години.

Оваа драстична промена се должи на неговото приклучување кон редовите на еден од најголемите ривали на Еспањол. Во каталонскиот фудбал, вакви трансфери се реткост, последен ваков случај се забележува во 1994 година. Ова ја прави одлуката на Гарсија дополнително контроверзна. Иако критиките од навивачите беа предвидливи, состојбата премина во сериозна и неконтролирана насока.

Наместо само негативни коментари на социјалните мрежи, голманот се соочи и со директни закани по својот живот.

Фото: Принтскрин