Новиот „Хулк“: Миротиќ се изнервира и го скина дресот на Барселона! 🎥


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кошаркарите на Барселона синоќа загубија од Лион на домашен терен со 69-76 во рамки на Евролигата.

Гостите успеаа да направат изненадување и да го совладаат лидерот во Евролигата, а така ја запишаа својата 12. победа сезонава.

По мечот во центар на внимание беше искусниот Никола Миротиќ поради потегот кој се случи пред крајот на првото полувреме.

Црногорецот не беше задоволен со една судиска одлука, па потоа од бес го искина дресот, а коментаторите му дадоа прекар – новиот „Хулк“.