Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лионел Меси сакаше минатото лето да го напушти тимот на Барселона и да замине како слободен фудбалер, но тогашниот претседател Жозеп Марија Бартомеу не му дозволи да го направи тоа, па Аргентинецот мора да остане до крајот на сезоната 2020/21.
Манчестер сити беше најголем фаворит за неговиот потпис, а сега во таа трка води ПСЖ и се шпекулира дека има три причини поради кои Меси би се преселил во Париз на лето.
Првата е тоа што во ПСЖ игра неговиот пријател Нејмар, кој кажа неодамна дека сака да игра заедно со Меси. Потоа тоа е екипа која може да ги исполни неговите апетити кога станува збор за богат договор и на крајот парижаните ќе се борат сигурно и следната сезона за трофејот во Лигата на шампиони.
Таткото на Меси кажа дека не преговара ниту со еден клуб, меѓутоа новинарот Робин Бејнер открива дека трансферот е пред реализација, а исто така ПСЖ подготвува дрес со Меси и рекордна продажба на истите.