Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот тренер Ралф Рагник ќе биде нов тренер на Милан од следната сезона, како што објави „Газета дело Спорт“. Германецот беше голема желба на директорот Иван Газидис, кој со него преговараше и без претходно информирање на Звонимир Бобан Паоло Малдини.
Рагник прифатил тригодишен договор, според кој на „Сан Сиро“ ќе остане до 2023 година, со опција да ја продолжи соработката до 2024 година.
Освен тренерската позиција, од која заминува Стефано Пиоли, ќе се случат уште неколку промени во Милан, односно се шпекулира дека ќе заминат Звонимир Бобан и Паоло Малдини.
Тоа значи дека навивачите ќе добијат нов Милан од следната сезона, што не е чудно затоа што во претходните години доживеаа многу промени, но не постигнаа поважни резултати.