Ново засилување за Вардар: Српски репрезентативец доаѓа во скопскиот гигант


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Урош Митровиќ, младиот и талентиран десен бек кој има 20 години, ќе биде нов член на тимот на Вардар. Потекнува од францускиот клуб Тулуз, а има искуство и од играње во Полска и Австрија.

Митровиќ, кој е леворак, е репрезентативец на Србја и учествуваше во квалификациите за ЕП 2026 година. Тој исто така играл и за младинските селекции на Србија. Во моментов е дел од тимот на Тулуз и учествуваше во Лига Европа, каде тимот стигна до главната фаза.

Пред да се пресели во Франција, Митровиќ една сезона играше во Австрија, во клубот Брегенц, и една сезона во Висла Плоцк во Полска. Во Србија играл за Врбас и Црвенка. Оваа сезона, на разни натпреварувања со клубот и репрезентацијата, настапи на вкупно 39 натпревари и постигна 34 гола.

„Голема чест ми е и задоволство да играм во боите на македонскиот гигант, клуб кој зад себе има неверојатна историја. Во наредните сезони со нетрпение очекувам да го дадам својот максимум и да го покажам сето она на што сум способен на теренот, и заедно со екипата да се претставиме во најдобро светло“, изјави Урош Митровиќ.