Новото пеколно засилување стигна од Атлетико, овој Еспањол ќе се бори за Европа

Фудбалскиот клуб Еспањол не запира со добрите засилувања.

Клубот од Барселона денес потврди дека досегашниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Лео Баптистао потпиша 5-годишен договор.

Баптистао кој минатата сезона ја помина на позајмица во Виљареал е четврто големо засилување на Еспањол после голманот Роберто, фудбалерот за врска Хосе Мануел Хурадо и ветеранот Хосе Антонио Рејес.

Лео никна во Ваљекано, а Пако Хемес го лансираше во сезоната 2012/13 кога имаше 19 години и постигна 7 погодоци на 28 натпревари во Примера во Ателтико Мадрид.

Од летото 2013-та година Баптистао одигра 5 натпревари за Атлетико, а беше праќан на позајмици во Бетис, Рајо и на крајот во Виљареал.

Да потсетиме дека клупата на Еспањол ја презеде Кике Санчез Флорес, па петото и шестото место нема да бидат невозможна мисија.