ФК Кожуф од Гевгелија спогодбено ја прекина соработката со тренерот Дарко Крстески. Клубот ја потврди промената преку сопствените социјални мрежи, откако екипата не направи посериозен резултатски исчекор на стартот од сезоната, пишува МакФудбал.
Според SportSport, веста е официјална од вечерва. Во изминатите шест кола во Втората лига тимот предводен од Крстески освои седум бода. Кожуф моментно е десетти на табелата, само три бода над Еуромилк, кој е во опасната зона.
Клубот во соопштението наведува: „ФК Кожуф ја информира јавноста дека клубот и досегашниот тренер Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа соработката. Му благодариме за досегашниот ангажман, професионалниот однос и придонесот во работата на клубот. ФК Кожуф му посакува многу успех, здравје и среќа во понатамошната тренерска кариера.“
Гевгелискиот тим сега ќе добие нов стратег. Дебито на новиот тренер ќе биде против лидерот Детонит, во натпреварот по репрезентативната пауза.
















